Архитектура и градба - категорија

ќелија повеќе

мн. ќелии
Вид збор: Именка, женски род
Собичка, која може да биде и многу мала, особено в затвор, манастирска ќелија - собата на калуѓерот.
Англиски: cell Албански: qeli
Примери:
затворска ќелија

ќемер повеќе

мн. ќемери
Вид збор: Именка, машки род
свод
Англиски: arc Албански: hark
Примери:
Кај нас има многу мостови на ќемер.

ќемерлија повеќе

Вид збор: Придавка
на ќемер, засводен
Англиски: arched Турски: kemerli
Примери:
Мост ќемерлија.

ќерал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
соба за остава
Англиски: cellar

ќерамида повеќе

мн. ќерамиди
Вид збор: Именка, женски род
Керамички елемент за покривање кај крововите.
Англиски: roofing tile Турски: kiremit

ќерамиден повеќе

ќерамидна
Вид збор: Придавка
Што е покриен со ќерамиди.
Примери:
Ќерамиден покрив.

ќерамидница повеќе

мн. ќерамидници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница во која се изработуваат ќерамиди.

ќерамитка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
ќерамида, ќерамитче
Англиски: roofing tile

ќересте повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Дрвен градежен материјал, дрвена граѓа.
Англиски: lumber Турски: kereste

ќерестеџија повеќе

мн. ќерестеџии
Вид збор: Именка, машки род
Трговец со дрвен градежен материјал.
Турски: keresteci

ќерестеџилница повеќе

мн. ќерестеџилници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се продава ќересте.

ќерпич повеќе

мн. ќерпичи
Вид збор: Именка, машки род
непечена тула
Англиски: clay brick Турски: kerpiç
Примери:
градба од ќерпич

ќилер повеќе

Види и: килер (м.)
мн. ќилери
Вид збор: Именка, машки род
килер
Англиски: cellar
Примери:
немаме што да изгубиме

ќор-сокак повеќе

мн. ќор-сокаци
Вид збор: Именка, машки род
слепа улица
Англиски: dead end Турски: kör sokak Албански: qorrsokak, rrugë pa dalje

ќош повеќе

Види и: ќоше (ср.)
мн. ќошеви
Вид збор: Именка, машки род
агол
Англиски: angle, corner Турски: köşe

ќоше повеќе

Види и: ќош (м.)
мн. ќошиња
Вид збор: Именка, среден род
агол
Англиски: angle Турски: köşe Албански: kënd, qoshe
Примери:
Лошо ќоше.

ќошлест повеќе

ќошлести
Вид збор: Придавка
со ќошиња, со агли
Англиски: angular Турски: köşe
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш